Достапни линкови

Заев уверен дека граѓаните ќе го прифатат Договорот со Грција


Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев по врачувањето на поканата за НАТО во Брисел изјави дека е уверен оти граѓаните на референдум ќе го прифатат Договорот со Грција. Тој порача и дека се надева оти договорот ќе ги охрабри Србија и Косово да продолжат со дијалогот и да најдат решение. Според него, Балканот повеќе не е буре барут, има европски манири и држи европски лекции на западни земји.

Прашан за можна руска вмешаност во референдумската кампања, Заев потсети дека огромното мнозинство граѓани се изјасниле за членството во НАТО и во ЕУ и побара да нема непринципиелно мешање во кампањата наредните месеци.

„Секако сме поучени од соседите од минатото, рече Заев алудирајќи на рускиот пуч во Црна Гора пред влезот во НАТО. Ние ќе обезбедиме сѐ што е во наша моќ граѓаните слободно да излезат и да дадат глас за македонската иднина“, изјави Заев.

Прашан за застојот со изборот на членови на Државната изборна комисија, Заев истакна дека Македонија има традиција на решавање на прашања заедно со опозицијата.



XS
SM
MD
LG