Достапни линкови

Мас: Германија не е заробеник на Русија


Шефот на германската дипломатија Хајко Мас денеска реагираше на критиката на американскиот претседател Доналд Трамп дека Берлин е „заробеник“ на Русија, нагласувајќи оти Германците не се заробеници ниту на Москва ниту на Вашингтон.

„Ние не сме заробеници ниту на Русија ниту на САД. Ние сме еден од гарантите на слободниот свет и тоа така ќе остане,“ истакна Мас на маргините на Самитот на НАТО во Брисел. Тој додаде и дека Берлин планира да ги зголеми расходите за одбраната за 80 проценти до 2024 година, истакнувајќи оти „тоа треба да биде признаено“.

Претходно и германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лајен реагираше на обвинението од страна на Трамп дека Германија е „целосно контролирана" од Москва.

И францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека не се согласува со оценката на Трамп дека Германија е „под целосна контрола“ на Русија поради еден гасовод.

XS
SM
MD
LG