Достапни линкови

Заев: Радувај се Македонијо!


„Радувај се Македонијо! Портите за нашето полноправно членство во НАТО се отворени,“ порача премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил во врска со одлуката, која ја донесоа денеска на првиот ден од Самитот на НАТО во Брисел, лидерите на земјите-членки да ја поканат Македонија да ги почне преговорите за пристапување.

„Попладнево, земјите членки на НАТО одлучија да ни упатат покана Република Македонија да го започне пристапниот процес за членство во Алијансата. Нашите партнери и пријатели денеска ни оддадоа признание. Препознаена е силната посветеност, исполнети се сите критериуми,“вели премиерот нагласувајќи дека денеска е голем, историски ден за Република Македонија.

XS
SM
MD
LG