Достапни линкови

Еурокомпозит може да се спаси како ФЕНИ


Случајот со стечајот на Еурокомпозит може да заврши со задржување на вработените и продолжување на работата на капацитетот, како што беше со ФЕНИ, најави вицепремиерот Кочо Анѓушев.

„Тој модел на ФЕНИ ќе се обидеме да го примениме и на Еурокомпозит, наместо долгиот процес за приватизација. Еурокомпозит долги години е блокиран, но му помогнавме да продолжи со работа што не е, ниту смее да биде трајно решение. Компанијата треба да се приватизира, но во транспарентна постапка, а за тоа има два начина, или објавување тендер или наоѓање инвеститор за целосна реорганизација како што беше со ФЕНИ“, изјави Анѓушев.

XS
SM
MD
LG