Достапни линкови

УЈП и ССК заедно против сивата економија


Сања Лукаревска и Данела Арсовска - Потпишување Меморандум за соработка меѓу ССК и УЈП

Сојузот на стопанските комори и УЈП денеска поспишаа Меморандум за соработката за справување со сивата економија и нелојалната конкуренција.

„Штетите од работата на нерегистрираните фирми за државниот Буџет се огромни, а само по продукт од ИТ индустријата изнесуваат шест милиони евра. Оштетени се и компанииите кои работат легално во секторот затоа што увезуваат производи и мора да ги сертифицираат, а на ризик се изложени и граѓаните кои ги купуваат“, рече Данела Арсовска, претседателка на Сојузот на стопанските комори, по потпишувањето на договорот со директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Двете институции најавија координација за справување со сивата економија и нелојалната конкуренција, зони на делување во кои, како што рече Арсовска, во изминатите три години, претежно, во периодот на политичката нестабилност, се префрлаат регистрирани фирми, најмногу од градежништвото, но и индустријата каде се пуштаат и цели производствени капацитет без да бидат регистрирани.

XS
SM
MD
LG