Достапни линкови

Хрватска – Англија и Белгија – Франција во полуфиналето на Светското првенство


Хрватите слават по победат против Русија

Со победата 4-3 на пенали против домаќинот Русија, Хрватска избори пласман во полуфиналето на светското фудбалско првенство. Во регуларниот тек, натпреварот заврши 1-1, а по продолженијата повторно беше нерешено 2-2.

Во полуфиналето Хрватите ќе се соочат со Англија која попладнево ја победи Шведска со 2-0.

Во другиот полуфинален меч ќе играат Франција и Белгија. Франција во четвртфиналето беше подобра од Уругвај 2-0, а Белгија со 2-1 ги исфрли Бразилците.

Полуфиналните натпревари се играат во вторник и в среда.

XS
SM
MD
LG