Достапни линкови

Десетици жртви при поројни дождови во Јапонија


Урнати куќи по поројните дождови во Хирошима

Десетици загинати или исчезнати луѓе има при поројните дождови и поплави во Јапонија, соопштија денеска официјални лица и локални медиуми.

Јапонскиот јавен радиотелевизиски сервис НКХ соопшти дека бројот на жртвите од поројните дождови кои започнаа претходно оваа недела, се искачи на 49, а повеќе од 40 луѓе се водат за исчезнати. Врнежите доведоа до поплави и лизгање на земјиштето кое оштети автомобили и домови. Јапонските власти повикаа луѓето од погодените области да ги напуштат своите домови.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе нареди да се испратат спасувачи екипи без одлагање.

XS
SM
MD
LG