Достапни линкови

Илегални мигранти од Пакистан пронајдени во Струмица


Архивска фотографија - Мигранти на македонско - српската граница.

Шест лица од Пакистан кои илегално влегле во земјава открила полицијата ноќеска на полноќ кај автобуската станица во Струмица.

Како што информираат од МВР, мигрантите околу 24 часот ги пронашле полицајци од полициската станица за граничен надзор и гранични проверки „Ново Село“.

Лицата се однесени во Прифатниот центар во Гевгелија.

XS
SM
MD
LG