Достапни линкови

Во тек е напад врз Министерството за внатрешни работи во Сомалија


Најмалку деветмина луѓе загинале, а десетмина се повредени во терористички напад врз Министерството за внатрешни работи во главниот град на Сомалија, Могадишу, информираат тамошни претставници.

Вооружените напаѓачи се забарикадирале во зградата на министерството и држат како заложници владини службеници, наведува новинската агенција Асошиејтед прес.

Од објектот се слушаат истрели, а сомалиските претставници стравуваат дека бројот на жртви може да расте.

Утринава во Могадишу одекнаа две експлозии, една кај претседателската палата, а другата во близина на зградата на полицијата. Нападот врз министерството почна кога бомбаш-самоубиец се разнесе кај капијата на објектот. Екстремистичката организација Ал Шабаб ја презеде одговорноста.

XS
SM
MD
LG