Достапни линкови

Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов


Пејачот Влатко Илиевски на Евровизија во Дизелдорф на 12 мај 2011

Македонскиот рок пејач Влатко Илиевски вчера бил пронајден мртов во неговиот автомобил во Скопје, потврдуваат полициски извори.

Телото на пејачот било најдено по анонимна дојава, синоќа во 23 часот, а засега нема информации кои се причините за смртта.

Во полицискиот билтен се наведува дека синоќа околу 23 часот „на улица Трета македонска бригада, во патничко моторно возило „Тојота“ пронајден е починат В.И.(33) од Скопје“.

Илиевски со години беше дел од групата „Морал“. Во 2011-та година, со песната „Русинка“, ја претставуваше Македонија на Евровизија.

XS
SM
MD
LG