Достапни линкови

Временска прогноза - Нестабилно време со врнежи од дожд


Илустрација

Времето денеска претпладне во Македонија, во северните и источните делови, ќе биде облачно со врнежи од дожд проследени со ретки грмежи. Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни пообилни врнежи од дожд и со услови за појава на град. Ќе дува умрен, повремено засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 20, а дневната од 22 до 33 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со врнежи од дожд проследени со ретки грмежи. Ќе дува умрен, повремено засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

В недела и понеделник ќе има повремен локален дожд со ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурите за по неколку степени.

XS
SM
MD
LG