Достапни линкови

Заев на самит на Кина со земјите од централна и источна Европа


Премиерот Зоран Заев

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев утре ќе учествува на седмиот Самит на шефови на влади на процесот за соработка на Кина со земјите од централна и источна Европа (16+1) во Софија, Бугарија. Во состав на владината делегација се вицепремиерот за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и министерот за економија, Крешник Бектеши. Заев ќе има обраќање во рамки на пленарната сесија на шефови на влади.

XS
SM
MD
LG