Достапни линкови

Ѕанакопулос посакува позитивен исход од процесот за името во Македонија


Знамињата на Македонија и Грција

Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио „247“ изјави дека посакува целиот процес, така како што е предвиден да има позитивен исход и за премиерот Зоран Заев, но и за договорот и за односите на двете земји.

„Јас не сум во позиција да знам кога ќе заврши процесот. Ако господинот Заев вели дека ќе се заврши на 15 јануари, немам никаква причина да го оспорам. Напротив, посакувам, целиот процес, така како што е предвиден да има позитивен исход и за него, но и за договорот и за односите на двете земји“, изјави Ѕанакопулос и повторува дека откако нашата земја ќе заврши со обврските на ред ќе биде грчкиот Парламент да го ратификува договорот.

Според него, ратификацијата на договорот во Атина, ќе помине без проблеми.


XS
SM
MD
LG