Достапни линкови

ЕК: Подготовките ќе заштедат време за стартот на преговори со Македонија


Логото на ЕК

Директорката за Западен Балкан во Европската Комисија, Геновева Руиз Калавера порача дека одлуката на Советот на ЕУ за одложен старт на преговори со Македонија е „многу позитивна“, бидејќи подготовките кои ЕК ќе ги започне веќе кон крајот на овој месец ќе овозможат да не се губи време. Таа во изјава за МИА наведува дека со земји како Црна Гора и Србија претходно, подготвителната работа за стартот на преговори можела да трае и до 18 месеци.

„Ние ги започнуваме подготовките сега, така што земјата ќе биде подготвена да почне да преговара и нема да изгуби ниту еден ден за тоа. За претходните земји требаше најмалку една година“, рече Руиз Калавера.

Македонија на 26 јуни доби зелено светло за почеток на преговори во јуни 2019 под услов да се исполнат одреден број критични реформи до тогаш.

„Советот ќе ни даде мандат за старт на преговори, а тие ќе почнат во облик на Меѓувладина конференција, тоа ќе биде моментот кога преговорите ќе започнат, но она што е важно е да не губиме време штом го добиеме мандатот“, изјави таа.


XS
SM
MD
LG