Достапни линкови

Мисајловски го критикува Заев за настапот на грчката ЕРТ


Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, го обвини премиерот Зоран Заев дека со тоа што „на грчка телевизија ги кажал прашањата за референдумот за името“ го понижил македонскиот народ.

„Зоран Заев вчера на странска телевизија, ги кажа прашањата кои одлучил да ги постави на референдум на кој што македонските граѓани треба да се изјаснат за сопствената иднина. Тоа не го стори ниту на македонската телевизија или некој од македонските национални медиуми, туку на грчката национална телевизија“, вели Мисајловски.

Според него, Заев побрзал да ја информира грчката јавност за референдумот, а воопшто „не се консултирал со претседателот Ѓорѓе Иванов и со ВМРО-ДПМНЕ“.

„Повеќе од очигледно е дека на Заев ниту му е важен ниту националниот консензус околу ваквите суштински теми, ниту му е важно што мислат граѓаните во земјава“, вели Мисајловски.

Премиерот Заев вчера имаше интервју за грчката национална телевизира ЕРТ.

XS
SM
MD
LG