Достапни линкови

Судењето за „Титаник 2“ продолжува на 27 август


Основен суд Скопје 1

Судењето за случајот „Титаник 2“, во кој се обвинети поранешниот началник на УБК Само Мијалков и претседателот на ДПА Мендух Тачи, ќе продолжи на 27 август со сослушување на сведоците Борис Кондарко, Виолета Дума, Субхи Јакупи и Васил Крстев.

На денешното рочиште беа пуштени два аудио разговора од т.н. „бомби“ во кои се слуша како поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков разговара со претседателот на ДПА Мендух Тачи и кажува дека потребно е членот на ДПА да гласа на приговорот во ДИК за избирачкото место 1727 во Струмица.

На втората снимка се слуша како Мендух Тачи му се јавува на членот на ДИК Бедредин Ибраими и му кажува да гласа за приговорот за Струмица, бидејќи така е договорено, односно ВМРО-ДПМНЕ да гласа во Чаир.

XS
SM
MD
LG