Достапни линкови

Жив штит за одбрана на Националниот театар во Тирана


Албанскиот Парламент со 75 гласови „за“ и без присуство на опозицијата го усвои законот за „Националниот театар“ со кој се дозволува уривање на објектот.

„Повлечете го овој закон, овој грев кој сакате да и го направите на Тирана и на Албанија, изјави демократот Едмонд Спахо по што пратениците од опозицијата ја блокираа собраниската говорница, а по напуштањето на седницата фрлаа кон премиерот Еди Рама со црвените картони кои служат за гласање.

Голем број глумци и претставници на невладиниот сектор беа собрани пред Парламентот, протестирајќи поради уривањето на објектот, изграден уште во времето на кралот Ахмед Зогу и се смета за една од најубавите и најзначајните градби, по која е препознатлива албанската метропола.

Лидерот на демократите, Љуљзим Баша усвојувањето на законот го нарече „антинационален потег“ и порача дека никако нема да се дозволи уривање на театарот, посочувајќи дека истиот „ќе го бранат со нивните тела“.

Албанската Влада најавува изградба на нов објект за театарот на друга локација. Националниот театар датира од 1938 година.

XS
SM
MD
LG