Достапни линкови

Македонците веруваат дека нема да останат без работа во следните 12 месеци


Црногорците ја сметаат тешката работа како предуслов за успех, Србите преферираат домашни производи, Албанците најсвесни за придобивките од влезот во ЕУ, а Македонците се најсигурни во своите работни места.

Ова го покажуваат резултатите од четвртото издание на Балкански барометар 2018 (ББ 2018), што денеска беше презентирано во Брисел во рамки на состанокот на Советот за регионална соработка.

Македонија во моментот се соочува со бран на оптимизам, по надминувањето на политичката криза, која предизвика застој во функционирањето на државата, стои во оценката на годишниот Барометар.

Седумдесет и пет проценти од вработените Македонци веруваат дека и натаму ќе бидат вработени во следните 12 месеци, што е највисок процент во регионот.

XS
SM
MD
LG