Достапни линкови

Третина од кинеските милионери би ја менувале Кина за САД


Повеќе од една третина од богатите кинески бизнисмени сакаат да емигрираат од Кина, а најголемиот дел од нив за своја нова држава ги сакаат САД, објави телевизијата Си-Ен-Би-Си, презентирајќи ги резултатите од најновата студија на истражувачкиот центар Харун и Визас консалтинг груп.

Во студијата биле вклучени 224 Кинези чие богатство изнесува во просек 4,5 милиони долари.

Голем дел од богатите Кинези ја напуштаат Кина и заминуваат во земји со подобар образовен систем, но и да се спасат од строгите владини мерки и големата загаденост на кинеските градови, пренесе телевизијата.

XS
SM
MD
LG