Достапни линкови

Протест против договорот со Грција: „Македонија нема да го смени името“


Протест пред Собранието против Договорот за името со Грција. 05.07.2018

Група граѓани организирани преку социјалните мрежи вечерва пред Собранието протестираа против Договорот за името со Грција. На протестот се слушаа патриотски песни, а говoрниците ја повикаа опозициsката ВМРО-ДПМНЕ „да расчисти со криминалот во своите редови“ и да ги поддржи протестите пред Парламентот против договорот за името со Грција. Тие порачаа дека процесот за промена на иемто на државата не е легален, односно e противуставен.

Тие исто така рекоа дека договорот што го склучила Македонија со Грција е „срамен и капитулантски и дека и покрај тоа нема да биде променето името на земјата, а Македоинија нема да стане членка ниту на НАТО, ниту на Европската унијa.

Инаку денеска, Без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, како и на претходната седница, Собранието повторно ја изгласа ратификацијата на договорот со Грција за името.

XS
SM
MD
LG