Достапни линкови

СДСМ: Пријавата на ВМРО-ДПМНЕ е неоснована


Архива: Седиштето на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ во очај поднесува кривична пријава за непостоечко дело, соопштува СДСМ откако денеска опозицијата до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција денеска поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев, против Никола Димитров, против Талат Џафери, како и против сите пратеници кои што гласале за Договорот со Грција.

„Неоснована пријава на ВМРО-ДПМНЕ не е само лажно пријавување, туку е и показател дека се уште би сакале да го злоупотребуваат судството како што го злоупотребуваа 11 години наназад. Вакви провидни очајни чекори покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи. Нема параван за невистините на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведоа дека Заев, Димитров и Џафери во кривичната пријава се гонат по четири основи за сторени кривични дела: Велепредавство, загрозување на независноста, здружување заради непријателска дејност и злоупотреба на службената положба и овластување.

XS
SM
MD
LG