Достапни линкови

Кампови за бегалци во Македонија е лага, тврди Заев


Поранешниот транзитен центар кај Табановце

Македонија не е крајна дестинација за мигрантите, тие само транзитираат низ неа. Ниту некој побарал, ниту Македонија планира да гради кампови за бегалци. Тоа е апсолутна невистина и голема лага, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Според него, за жал, некој се повеќе ја злоупотребува таквата наводна информација.

„Точно е, Македонија продолжува заедно со земјите членки на ЕУ да ги координира акциите и е прва земја што прима бегалци од Грција, но и во најкритичните моменти како што беше во 2015 и 2016 година целиот процес се менаџираше заедно со земјите од ЕУ“, рече Заев.

XS
SM
MD
LG