Достапни линкови

Курц и Штрахе: Западен Балкан во ЕУ, но не и Турција


Себастијан Курц

За време на претседавањето со Европскиот совет Австрија ќе продолжи да се залага за европска перспектива на балканските земји, изјави денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц.

„Европската идеја ќе биде комплетирана само со членство во ЕУ на земјите од Западен Балкан. Државите од овој регион треба да имаат јасна перспектива за прием“, изјави Курц.

Австрискиот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе, пак, изјави дека не станува збор за прием на Турција во ЕУ. Штрахе оцени дека ЕУ треба да има партнерски односи со Турција, но мора јасно да каже дека не може да се водат преговори за членство.

XS
SM
MD
LG