Достапни линкови

Адеми: Дијаспората не треба да се идентификува со партијата туку со државата


Министерот Едмонд Адеми

Министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, денеска изјави дека дијаспората треба да се идентификува со државата, а не со партијата.

„Доволно ни беа 27 години поделби. Дијаспората мора да се идентификува со државата, а не со партијата што беше случај во изминатите единаесет години кога беа злоупотребени и искористени за политички цели. Соработката со дијаспората мора да продолжи и во иднина, особено сега кога Македонија се враќа на голема врата на меѓународен план преку членството во НАТО, почнување на преговорите со ЕУ и одличната регионална соработка“, рече Адеми на промоцијата на трите нови проекти на Агенцијата за иселеништво - Прирачник за иселеници, Сликовница за изучување на мајчин јазик и веб-страница.

XS
SM
MD
LG