Достапни линкови

Русија реагираше по двата нови случаја со труење со „новичок“


Руската амбасада во Холандија, под која административно е и постојаната руска мисија во Организацијата за забрана на хемиското оружје, реагираше по веста дека се потврдени уште две труења со „новичок“.

„Лудо е да се помисли дека Русија би употребила т.н. новичок, сред фудбалското првенство. Шоуто мора да продолжи?“, напиша руската постојана мисија при Организацијата , на својот официјален профил на „Твитер“.

Во дел од медиумите беа објавени отворени прашања дали двата нови случаи со труење со „новичок“ имаат врска со труењето на двојниот агент Скрипал и неговата ќерка.

XS
SM
MD
LG