Достапни линкови

Собранието по втор пат го ратификуваше Договорот за името


Втора ратификација на Договорот со Грција во Собранието

Со 69 гласа „за“, еден воздржан, ниеден против и без присуство на пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Собранието денеска по втор пат го ратификуваше Договорот со Грција.

Ова беше второ гласање за Договорот за името откако претседателот на државата Ѓорѓе Иванов одби да го потпише указот.

Според минатонеделната изјава на претседателот на Собранието, Талат Џафери, постојат законски начини како Договорот да биде објавен во Службен весник и без потписот на претседателот на државата.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не учествуваат во гласањето.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да биде соучесник во капитулацијата. Нема да присуствуваме на седницата на која се носи овој штетен договор за промена на името, и се задира во идентитетот. Ова не треба да се слави, очекуваме Иванов да не потпише. Објавувањето без потпис е кривично дело кое не застарува. Не ни требаат штетни договори туку реални реформи“, изјави пред седницата на Собранието, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

XS
SM
MD
LG