Достапни линкови

Обвинетите за обид за убиство на Села добија вкупно 81 година затвор


Сите седуммина обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на 27 април минатата година денес добија осудителни пресуди и вкупна затворска казна од 81 година.

Кире Ѓорѓиевски доби 13 години, Андреј Мицов 10 години и шест месеци, Оливер Ошавковски 10 години и шест месеци, Николче Димитриевски 10 години и шест месеци,Александар Јаневски - Тошта 13 години, Никола Војминовски 13 години и шест месеци и Коста Делев 10 години и шест месеци.

Пратеникот Зијадин Села не беше присутен во судницата на изрекувањето на пресудата.

XS
SM
MD
LG