Достапни линкови

Нови апсења на ѓуленисти во 11 области во Турција


Реџеп Тајип Ердоган и Фетулах Ѓулен

Полицијата во турскиот округ Битлис денеска уапсила 16 лица кои се осомничени за поврзаност со Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) на Фетулах Ѓулен, политикиот противник на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Покрај во Битлис, по налог на Обвинителството, акции за приведување бил спроведени во уште 10 области, а меѓу приведените има и активни и поранешни воени лица,.

Според турските власти, групата ФЕТО на исламскиот проповедник и политички противник на режимот на Ердоган, Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД, е одговорна за обидот за преврат во Турција во јули 2016 година.

XS
SM
MD
LG