Достапни линкови

Заврши првата средба на заедничката комисија на Македонија и Бугарија


Илустрација-Софија

Од министерството за надворешни работи информираат дека на 2 и 3 јули во Софија се одржала првата средба на Заедничката мултидисциплинарна Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Македонија и Република Бугарија. Средбата, како што наведуваат од министерството, е согласно обврските за имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

“На средбата беа разгледани и утврдени начелата и методологијата за работа на Комисијата, согласно принципите за заемно разбирање и академска заснованост, како и досегашните позитивни европски искуства”, информираат од МНР.

Од таму додаваат и дека работата на комисијата ја поздравила и министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, која накусо присуствувала на состанокот. Договорено е следната средба да се одржи во втората половина на 2018 година, во Република Македонија.

XS
SM
MD
LG