Достапни линкови

Арсовска: Фирми масовно се пререгистрираат и одат во сива економија


Илустрација

Бизнисмените бараат сузбивање на сивата економија како најголем проблем со кој се соочуваат бидејќи анализите што тие ги направиле „покажуваат дека во 2018 година има масовна пререгистрација на фирмите и нивно прибегнување да работат нерегистрирано“.

„Се работи за тренд кој рапидно почна да се зголемува во 2018 година. Она кое го гледаме е дека компании кои биле активни на пазарот, сега одеднаш ги намалуваат деловните активности и ги сведува на 20 или 30 проценти. Тоа не значи дека не работат, туку се префрлаат во делот на сивата економија. Луѓето менуваат локации, работат иста работа што ја работеле, но работат нерегистрирано бидејќи гледаат дека оние кои воопшто не се регистрираат, поминуваат полесно“, рече Данела Арсовска денеска на прес-конференција по средбата со министерот задолжен за регулативата за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ.

XS
SM
MD
LG