Достапни линкови

МВР ги отфрла обвинувањата за деградирање припадници на специјалните единици


Министерството за внатрешни работи соопшти дека се неточни и ги оцени како крајно манипулативни обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека без причина се деградираат припадници на специјални единици и обучени професионалци, со тоа што, како што тврди опозициската партија, им се делат решенија за пониски работни места и позиции.

“По денешната прес-конференција на политичка партија, на којашто беа изнесени целосно неточни и тенденциозни наводи околу наводно „деградирање и шиканирање“ на припадници на Единицата за специјални задачи при што сето тоа било правено без „никаков респект и причина“, МВР мора уште еднаш, во интерес на граѓаните и на вистината, категорично да ги отфрли ваквите неточни, а крајно манипулативни наводи,” се наведува во реакцијата на МВР.

Од министерството посочуваат дека е завршено времето на партиско-политичките или кои било други „интересни“ критериуми за професионално работење и напредување во организациските структури на македонската полиција.

XS
SM
MD
LG