Достапни линкови

Димитров: Европскиот парламент подготвува резолуција за Македонија


Европскиот парламент подготвува нацрт резолуција за Македонија што ќе се разгледува во август, најпрво во комитетот за надворешна политика АФЕТ, а потоа и на пленарна седница, информираше министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој денеска е во работна посета на Европскиот парламент во Стразбур. Димитров посочи дека тајмингот на неговата посета на ЕП е многу важен.

“Прво конечно ги отвараме европските порти. Тука сум да барам поддршка од Европскиот парламент, институција што долги години многу принципиелно стои зад нашите европски аспирации”, изјави Димитров.

Тој истакна дека посетата на ЕП ја користи да оствари средби со лидерствата на сите политички фамилии.

„Моментот е многу важен и ќе барам од нив поддршка и во однос на нивните главни градови и во однос на сестринските партии. Имаме важна историска шанса во регионот, убаво е да влезат да ни помогнат да ја завршиме работата”, изјави Димитров, по средбите со Иво Вајгл од АЛДЕ и Арно Данжан од ЕПП.

XS
SM
MD
LG