Достапни линкови

Јункер: Мигрантскиот договор најверојатно е во согласност европските закони


Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека договорот за миграцијата постигнат помеѓу партиите во германската владејачка коалиција, изгледа дека е во согласност со законодавството на Европска Унија.

"Не сум го проучил во детали, но на прв поглед ми изгледа дека е согласност со законодавството на ЕУ," посочи Јункер додавајќи дека треба детално да го проучат службите на ЕК.

Претходно, ЕК информираше дека ќе го анализира договорот што синоќа го постигнаа Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел и Христијанско социјалната унија (ЦСУ) на министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер, кој предвидува отворање на центри за мигранти на територијата на Германија.

Според договорот меѓу Меркел и Зехофер, со кој канцеларката се обидуваше да ја зачува својата коалиција, предвидени се центри од затворен тип во кој ќе се разгледуваат барањата за азил, како и враќање на тие што веќе поднеле барање во друга членка на ЕУ

XS
SM
MD
LG