Достапни линкови

Потона траект во Индонезија, најмалку 12 мртви


Најмалку 12 луѓе, меѓу кои и две деца загинаа во близина на брегот на индонезискиот остров Сулавези при потпнување на траект. Траектот потонал на 200 метри од брегот, а на него, според официјални податоци, имало 139 патници. Тракетот превезувал автомобили, камиони и мотоцикли. До сега се спасени 30 лица, а осум се хоспитализирани. Минатиот месец потона претоварен тракет во индонезиското езеро Тоба, едно од најдлабоките вулкански езера во светот, при што загинаа околу 200 луѓе. Во Индонезија често се случуваат бродски несреќи поради непочитување на безбедносните прописи.

XS
SM
MD
LG