Достапни линкови

Буџетот за бесплатното болничко лекување ќе биде 7,6 милиони евра


Премиерот Зоран Заев изјави дека буџетот за бесплатното болничко лекување кое, според владините најави, ќе стартува од 1 јануари 2019 година, ќе изнесува околу 7,6 милиони евра.

„Според досегашните проценки буџетот ќе изнесува околу 7,6 милиони евра. Тоа е партиципацијата која граѓаните ја плаќаат за болничко лекување, односно за останување во болница. Тие пари ќе ги покрие државниот буџет и граѓаните нема да плаќаат за болничко лекување“, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Прилеп.

XS
SM
MD
LG