Достапни линкови

Опозицијата в недела на протестен марш во Струмица


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски

Се чувствуваш несигурно, денот ти започнува и завршува со грижи, децата растат, а во секојдневието ја имаш грижата како да ги задоволиш нивните основни потреби, храна, облека... а премиерот дополнително ти вели името Македонија морало да се избрише.

Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски, ги повика граѓаните незадоволни од власта на протестен марш в недела во Струмица.

„Време е да се чуе нашиот заеднички глас и затоа ве повикувам на протестен марш во Струмица, во недела, со почеток во 13 часот. Собирното место е во паркот во Струмица, од каде ќе се маршира по шеталиштето, па се до општината Струмица“, повика Мицкоски.

XS
SM
MD
LG