Достапни линкови

Министрите ќе расправаат за „Еурокомпозит“, вработените кампуваат пред Владата


Владата денеска ќе ги има на дневен ред како посебна точка состојбите во прилепски „Еурокомпозит“, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за плановите за фабриката, чии вработени денеска претпладне излегоа на протест пред Владата и поставија шатори.

„Станува збор за 'купување месеци' додека не заврши комплетната процена за објавување на продажба. Паралелно со тоа, планираме и пакет за испраќање технолошки вишок на оние вработени кои сакаат да заминат. Конечната цел ни е интересот на работниците, а секако и иднината на 'Еурокомпозит' зашто се надеваме дека ќе продолжи со производство на материјали за безбедносните служби во земјава, но и производи за извоз“, рече Заев.

Вработени во фабриката за производство на воена опрема „Еурокомпозит“ претпладне поставија шатори спроти Владата од каде ги повторија барања да се најде решение за фабриката и да се овозможи исплата на заеостанатите 18 плати и придонеси од 2012 година.

XS
SM
MD
LG