Достапни линкови

Во Албанија запленети 50 тони бразилско пилешко месо со салмонела


Илустрација

Два контејнери со 50 тони пилешко месо заразено со салмонела запленила Албанската национална агенција за храна, објавија албанските медиуми.

Според Агенцијата, примероци од запленетото месо биле дадени на анализа која покажала присуство на високо ниво на салмонела, по што веднаш е почната процедура за враќање на месото.

Во текот на оваа година, блокирани се и вратени пет други контејнери со 130 тони месо увезено од Бразил, објавија локалните медиуми.

XS
SM
MD
LG