Достапни линкови

Заев: Референдумското прашање се уште не е утврдено


Илустрација

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека референдумското прашање се уште не се знае и додаде дека со партиите и со граѓанскиот сектор ќе се утврди дали референдумот ќе биде консултативен или обврзувачки, но дека во секој случај резултатот ќе биде задолжителен.

„За ова прашање немаме разговарано. Веројатно, чекаме да завршат интеграциите, односно 11 и 12 јули кога се нашите очекувања за поканата во НАТО алијансата. Веднаш потоа државата ќе ја отвори дебатата, ќе го утврдиме веројатно и терминот за одржување на референдумот, референдумското прашање и стилот на самиот референдум“, рече Заев во Прилеп.

Најверојатно, додаде тој, ќе останат роковите, крајот на септември и почетокот на октомври за референдумот и во тоа ќе помогнат ДИК и експертите во Парламентот.

„Резултатот од референдумот ќе биде задолжителен. Тоа значи ако референдумот помине ќе треба да ја почитуваме волјата на граѓаните, да гласаме во Парламентот и да работиме, особено на реформите и на процесите кои следуваат“, рече Заев.

XS
SM
MD
LG