Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Власта ги излажа младите


Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Рената Десковска и Стефан Богоев ветуваа дека младите по завршување на своето образование ќе добијат понуда за вработување, практиканство или дообука и тоа како проект кој ќе го реализираат уште во првите шест месеци од новата влада. Помина повеќе од една година, а ни трага ни глас од овој проект, обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ ги излажа младите. Најавуваната младинска гаранција е огромналага. Безперспективноста е поголема од било кога до сега. Власта не само што не ги врати 600.000 иселени како што тврдеше, туку и бројот на иселени го зголеми“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно СДСМ соопшти дека владиниот пилот-проект „Гаранција за млади“, покажал одлични резултати.

„За само три месеци од неговото спроведување се вработиле 419 лица, 196 почнале да посетуваат обука, а 160 почнале пракса во некоја компанија. Во проектот кој се спроведува во три општини Струмица, Гостивар и градот Скопје досега се вклучени 1532 лица на возраст до 29 години кои се невработени и непријавени во АВРМ“, соопшти СДСМ.

XS
SM
MD
LG