Достапни линкови

Се подготвува план за спасување на децата заглавени во пештера во Тајланд


Во спасувачката мисија се вклучени војници, нуркачи, градежници...

Британски спасувачи-нуркачи ноќеска успеале да ги пронајдат момчињата-членови на фудбалски клуб кои заедно со невниот тренер се заглавени во пештера во Тајланд, јавија западните новински агенции.

Децата се пронајдени живи и само со полесни здравствени проблеми, но ќе мора да се почека да се подготви планот за нивно спасување од поплавената внатрешност на пештерата. Децата на возраст од 11 до 16 години биле пронајдени на три километри оддалеченост од главниот влез во пештерата. Со децата останал и еден од лекарите кои во пештерата влегле со спасувачката екипа.

Спасувачите успеале да постават телефонска линија за децата да се слушнат со своите родители. Планот е децата да поминат обука за нуркање за да може полесно да биде изведена спасувачката акција, јавија агенциите.

Гувернерот на провинцијата Чианг Раи, Наронгсак Осотанакорн, изјави дека нивото на водата во пештерата е сѐ уште премногу високо, а децата се премногу заслабнати за да пливаат или да нуркаат. Тој ги отфрли информациите дека спасувањето може да трае со месеци.

XS
SM
MD
LG