Достапни линкови

Коѕијас: Во Парламентот има мнозинство за Договорот за името


Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во интервју за грчкото радио „Сто Кокино“, изјави дека во грчкиот во Парламент има мнозинство пратеници кои, според тоа што го изјавувале, ќе го поддржат Договорот за името.

Коѕијас одби да ја коментира изјавата на неговиот коалициски партнер и министер за одбрана Панос каменос, кој денеска рече дека ако за Договорот нема мнозинство од 180 пратеници, тогаш решението е референдум или избори.

„Немам никаква намера да го коментирам Каменос, не е во моја надлежност. Договорот е многу добар, не отстапува национален суверенитет за да се поставуваат како предуслов 180 гласови во Парламентот. Каменос ги знае овие работи и прави политички избор“, рече шефот на грчката дипломатија во интервјуто.

XS
SM
MD
LG