Достапни линкови

ФБИ: Американец плaнирал напад на Денот на незвисноста


Илустративна фотографија

Американските агенти за спроведување на законот соопштија дека уапсиле еден човек кој заговарал напа со поставување на бомба за време на парадата на Денот на независноста во Охајо. Истражителите на ФБИ рекоа дека човекот, идентификуван како Деметриј Питс, е американски државјанин кој изразил поддршка за Ал Каеда и рекол дека сака да убие членови на американската војска.

Обвинителите во судските документи наведоа дека специјален агент на ФБИ задолжен за Кливенд,Охајо им помогнал на разузнавачите во врска со информациите за планираниот напад на Питс.

Одбележувањето на денот на независноста на САД на 4 јули е еден од најголемите државни празници во земјата, а агенциите за спроведување на законот вообичаено ја зголемуваат безбедноста на тој ден.

XS
SM
MD
LG