Достапни линкови

Бебето оставено пред домот за доенчиња во Битола е згрижено


Бебе.Бебиња.

Министерството за труд и социјална политика информира дека ноќеска во 1.50 часот од страна на претставник на Центарот за социјална работа Битола и полициски службеници, во домот за доенчиња во Битола е сместено новороденче од женски пол. Новороденчето по приемот е однесено во ЈЗУ Клиничка болница-Битола на детален преглед при што е констатирана добра општа здравстена состојба.

„Министерството за труд и социјална политика ги презема сите мерки во насока на заштита на новороденчето и обезбедување на соодветна грижа. За останати информации во однос на истрагата и постапката ве молиме да се обратите до надлежните органи, односно Министерството за внатрешни работи“, соопшти Министерството.

Женското бебе на возраст од околу една недела беше пронајдено доцна синоќа оставено пред влезот на Домот за доенчиња во Битола.

XS
SM
MD
LG