Достапни линкови

За насилствата на 27 април деветмина осудени ќе одат во затвор


Апелационен Суд

Апелацискиот суд Скопје ги преиначи условните казни за девет лица за учество во толпа за време на насилство во Собранието на 27 април минатата година, во казна ефективен затвор.

Деветмината обвинети лани во мај признаа дека учествувале во толпа која сторила насилство, а Кривичниот суд на сите им пресуди условни казни.

Апелацискиот суд по жалбите на Обвинителството, условните ги преиначи во ефективни затворски казни за сите девет лица.

Од Судот информираат дека највисока казна доби Димче Ристовски – Жабата и изнесува една година и шест месеци, седуммина добија казни во траење од една година, а едно лице е осудено на осум месеци затвор.

XS
SM
MD
LG