Достапни линкови

Белгија: Уапсени двајца за терористички напад врз ирански состанок во Франција


Илустративна фотографија. Белгиски војник во близина на седиштето на Европскиот совет

Белгиските власти објавија дека уапсиле двајца сопружници кои се товарат дека се обиделе да постават бомба на настан организиран од иранската опозициска група во Франција. Осомничените беа уапсени во регионот на Брисел на 30 ти јуни и се обвинети за заговарање на напад во близина на Париз за време на конференцијата организирана од Организацијата на муџахедин-ел-Халк (МКО), објави денеска белгискиот државен обвинител. Сопругот и сопругата биле приведени во нивниот автомобил, во кој имало експлозиви и детонатор. МНК, или народниот муџахедин на Иран, го организираше митингот за слобода во Иран на 29 ти јуни во Вилепинт, во близина на францускиот главен град. Групата го поддржува соборувањето на иранското раководство.

XS
SM
MD
LG