Достапни линкови

Заев: Бесплатно болничко лекување за сите и повисоки плати за специјалистите


Зоран Заев во Собрание на седница за пратенички прашања

Премиерот Зоран Заев, на денешната собраниска седница за пратенички прашања, најави бесплатно болничко лекување за сите граѓани, почнувајќи од први јануари 2019 година.

„Досега имавме капацитет тоа да го направиме за дечињата на примателите на социјалната помош. Убеден сум дека така како што ја водиме работата од 1 јануари 2019 година покрај бесплатното болничко лекување ќе биде зголемена и платата, вкупните нето приходи на лекарите специјалисти во Македонија да бидат 100 илјади денари. Верувам дека ќе има доволно капацитети Буџетот и во почетокот на февруари, кога лекарите ќе ја добијат јануарската плата, да имаат вкупен приход од 100 илјади денари“, рече Заев.

Премиерот додаде дека ако Владата успее до 2020 година да ги подобри буџетските перформанси, на лекарите специјалисти без дежурства ќе им бидат обезбедени 100.000 денари месечен нето приход.

XS
SM
MD
LG