Достапни линкови

Камбовски: Претседателот треба да потпишува закони, а не да изнесува лични ставови


Академик Владо Камбовски

Претседателот на државата има уставна должност да ги потпише законите и договорите што ги усвојува и ратификува Собранието, а не да изнесува лични ставови и толкувања, изјави денеска академик Владо Камбовски, на Летната школа по природно право во Охрид, во организација на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ.

Камбовски смета дека „не треба да се попречуваат интегративните процеси на земјата кои се отворени со договорот за добрососедство со Бугарија и договорот за решавање на спорот за името со Грција, што треба да биде потврден на референдум, а потоа и во Собранието, по што потпис треба да стави и претседалот“.

„Штом прифатиш да бидеш претседател и си дал заклетва дека ќе го почитуваш Уставот, тогаш нормално е дека треба да се однесуваш согласно таквата определба консеквентно. Ако е тој според Уставот должен, не се работи за слободна волја дали ќе го потпише или не законот, дали ќе има ваков или онаков став, тоа е друга работа, негова уставна должност, оттука и законска должност е да го потпише законот, додаде академик Камбовски.

XS
SM
MD
LG