Достапни линкови

Завршни зборови за нападот врз Села: На обвинетите да им се суди за направеното


Во завршните зборови за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села за време на настаните во Собранието на 27 април минатата година, обвинителот Дарко Јакимовски рече дека на обвинетите може да им се суди за тоа што го направиле, но не смее да им се суди за тоа што го мислат.

„Единствен факт што Села останал жив е тоа што напаѓачите мислеле дека е мртов и тоа го спасило... Обвинетите биле свесни во каква опасност биле пратениците во Собранието во моментот кога толпата влегла во законодавниот дом“, рече Јакимовски.

Тој додаде дека на камерите се гледа дека Александар Јаневски - Тошта со рака го повлекува Зијадин Села од аголот на прес-салата и го дава на толпата која, според сведоците, сакала да го линчува.

XS
SM
MD
LG