Достапни линкови

Курц има нов предлог каде мигрантите да бараат азил


Австрискиот канцелар Себастијан Курц ја отфрли можноста мигрантите да поднесуваат барања за азил во планираните прифатни центри кои се предлагаат да се градат надвор од границите на ЕУ, објавија западните новински агенции.

Курц, во интервју за австриското државно радио, рече дека доколку се дозволи таква можност, ќе се создаде ефект голем број мигранти да се насочат кон овие центри.

Според австрискиот канцелар, многу подобра варијанта е на бегалците од кризните жаришта да им се нуди помош во соседните држави, блиску до нивните матични држави, место тие да се поттикнуваат на опасно патување преку Средоземното или Егејското море, со ветување за азил во ЕУ.

XS
SM
MD
LG